Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Граѓаните се смирени и не подлегнуваат на очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ да шири неоснована паника за вирусот

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ освен што шири лажни вести, се дрзнува јавно да му наредува на обвинителството

Скопје, 28 февруари 2020 

Сите институции на државата се ставени во функција за справување со Ковид – 19 вирусот. Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје се во постојана мобилизираност и со посветеност ги следат информациите и потенцијалните опасности од вирусот.

Ситуацијата е под контрола, институциите се подготвени за брза реакција и ги преземат сите неопходни мерки согласно меѓународните протоколи.

Најдобрата помош што може да ја даде ВМРО-ДПМНЕ е да престане да шири и предизвикува неоснован страв и паника меѓу граѓаните.

Партијата на Христијан Мицкоски никогаш не знаела како да се справува со кризни ситуации, а сега кога целиот човечки и институционален капацитет е ставен во функција на заштита на здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ во очај и безидејност пласира лажни информации преку кои се обидува да создаде неоснована паника меѓу граѓаните.

.Ако ВМРО-ДПМНЕ сака да покаже конструктивност и вистинска грижа за здравјето на нашите граѓани, , тогаш нека престане да измислува лаги со кои ги вознемирува граѓаните.

Граѓаните да не подлегнуваат на очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ да шири неоснована паника за вирусот и да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство, да се однесуваат одговорно и да не шират дефетизам и паника.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките

Петмина од повредените во кочанската дискотека се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги турка граѓаните во сиромаштија