Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не можат еден ѕид добро да направат

Граѓаните секојдневно на дело ја гледаат неработата и неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Последниот пример со кој одновно исплива на виделина нивната неспособност е потпорниот ѕид кој се урна во населба Пинтија, соопшти СДСМ.

„ Додека потрошија над 600 милиони евра за споменици, барок и палми ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Коце Трајановски фушерски изведуваа проекти каде побитни биле провизиите отколку квалитетот.

Показател за тоа е и потпорниот ѕид кој се урна завчера и чиста среќа е што нема човечки жртви. Одговорност мора да има за овој пропуст и од изведувачот и од поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски е ист како Данела Арсовска, освен што ја партизира општината, народните пари ги троши на непродуктивни трошоци и седум месеци ништо не сработи за граѓаните и општината. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најнеуспешните градоначалници и најголемо разочарување за граѓаните“ порачаа од владејачката партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт