ВМРО-ДПМНЕ во познат стил продолжува да шири лаги и се обидува да наметна неоснована паника меѓу граѓаните во врска со стечајот на „Еуростандард банка“, велат од СДСМ.
„Како што соопшти и Народната банка, стечајот е поради проблеми од минатото, а дел од вината за таквото работење има и кадарот од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Трајковски, директор на Управата за јавни приходи во време на режимот и досегашен претседател Управниот одбор на ‘Еуростандард банка’“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ги бара одговорите за затворањето на банката на таа адреса.
Од СДСМ воедно повикуваат партијата на Мицкоски да сопре со пласирање лажни вести и паника кај граѓаните и да дозволи институциите да ја работат работата за која што се надлежни.