Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Ги осудуваме опасните повици од страна на Левицата, Обвинителството да реагира

СДСМ: Ги осудуваме опасните повици од страна на Левицата, Обвинителството да реагира

„На денот кога државата, институциите, организираа беспрекорно чист изборен ден, политичката партија Левица и нејзините претставници шират говор на омраза и повикуваат на линч на неистомисленици. СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики, кои се блиски на фашистичките наративи и концепти“, соопшти партијата.

„Денес, Северна Македонија е слободна земја во која владеат закони и никој не смее им се заканува на граѓаните и да помине неказнет. Правдата доаѓа за сите. Надлежните институции, Обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги санкционираат ваквите срамни изблици на насилен политички израз.

СДСМ и новата влада силно ќе се спротивстават на каков било обид да ѝ се наштети на освоената слобода, граѓаните да бидат спокојни. Во демократска слободна европска држава, како што е Северна Македонија, нема место за закани. Смрт на фашизмот, слобода на народот“, се додава во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт