Утрински Весник
Економија

СДСМ: Во време на криза, сите институции и буџетски корисници да ги намалат трошоците

СДСМ: Во време на криза, сите институции и буџетски корисници да ги намалат трошоците

Владата предводена од СДСМ продолжува со мерки и политики за одговорно управување со финансиите во време на глобална и економска и енергетска криза, известуваат од страна на владејачката партија.

Појаснуваат дека за таа цел вчера на седница на Владата беа донесени конкретни мерки и одлуки кои се однесуваат на сите буџетски корисници.

Според одлуките, како што стои во писмената информација до 21 март (понеделник) сите буџетски корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 отсто и за тоа да достават предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии.

„Забрането е почнување нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата и по претходна согласност од Владата. Буџетските корисници задолжително треба за 50% да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила, да го намалат бројот на службени патувања, додека акционерските друштва во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15 отсто. Со кратење на овие расходи, ќе се покаже одговорност, но и ќе се ослободат дополнителни средства кои ќе се насочат во мерки за помош на граѓаните“, пишуваат од СДСМ.

И во време на глобална криза, СДСМ преку институциите што ги предводи презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош и поддршка на домашната економија, потенцираат од партијата на власт.

Можете да прочитате

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло