Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Во борбата со коронавирусот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа на погрешната страна, затоа се против нормализација и се плашат од избори

СДСМ: По 15 години чекање Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во ЕУ, успешните политики на СДСМ и Зоран Заев се препознаени и вреднувани

 

Скопје, 3 мај 2020 

Како што полека ја добиваме битката со коронавирусот, така неодговорното и несериозно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Игор Јанушев прогресира.

Во борбата против коронавирусот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа на погрешната страна и ќе останат запаметени по тоа што се исмеваа и ја потценуваа пандемијата, а потоа се посветија целосно на деструкции и лажни вести.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа крајно неодговорно однесување во клучните моменти за здравјето на македонските граѓани. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од демократски мегдан и се плашат од избори. Тоа е причината поради којашто не сакаат функционално Собрание, нормализирање на состојбата и имаат уплав од избори.

На граѓаните, на државата им се потребни функционални институции, враќање на нормалниот колосек на европските интеграции.

Затоа, штом се стабилизира епидемијата, во првиот можен рок треба да се реализираат изборите.

СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт