Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ секогаш против редот и законите, УЈП и институциите ги штитат граѓаните

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ секогаш против редот и законите, УЈП и институциите ги штитат граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ секогаш против редот и законите, УЈП и институциите ги штитат граѓаните, одговараат од партијата на власт на реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Управата за јавни приходи како и сите останати институции дејствува според законите и постапува неселективно и ефикасно. Преку редовните контроли на УЈП се штити стандардот на граѓаните од субјекти кои преку непочитување на законите сакаат да профитираат во време на криза. Ако роднина на сопруга на функциониер од ВМРО-ДПМНЕ не го почитувала законот не може да се брани со партиски соопштенија и да се прават конструктиции“, се вели во писменото соопштение од страна на СДСМ.

Појаснуваат дека делувањето на УЈП е да се спречат манипулации со цените врз грбот на граѓаните среде криза.

„И додека УЈП делува по закон и за сите подеднакво, ВМРО ДПМНЕ не штити прекршувачи на законите“, стои во писмената реакција од СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт