Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја поткопа независната истрага за пожарот, срамен е нивниот обид за политизација на трагедијата

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја поткопа независната истрага за пожарот, срамен е нивниот обид за политизација на трагедијата

Додека е државата во тага, ВМРО-ДПМНЕ сака да ја поткопа независната, непристрасна, објективна и ефикасна истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово, која ќе даде одговори за се, соопшти СДСМ.

„ Предизборна политизација на трагедијата е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да покрие тоа што нема понуда и знае дека и следи пораз. Нема да дозволиме лагите, некрофилноста на ВМРО-ДПМНЕ да влијаат врз истрагата.

Институциите имаат стручност и капацитет да спроведат темелна и ефикасна истрага. Вклучувањето на странски експерти во откривањето на причините за пожарот е дополнителна потврда за непристрасност во постапката.

Јавноста навремено ќе биде запознаена со секоја запирка и точка од извештајот на истрагата и дејствијата кои се преземаат, никој нема да биде изземен од одговорност ако истрагата тоа го утврди“ додаваат од владејачката партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт