Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сака да го прикрие неработењето на нивните градоначалници со измислици

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сака да го прикрие неработењето на нивните градоначалници со измислици

Во паника од нарушениот рејтинг на нивните градоначалници и во обид да го прикријат нивното неработење, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно пласира измислици и лажни вести, реагираат од владејачкиот СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, тaква била и денешната прес-конференција околу инсталирањето на соларни системи на објекти на Министерството за внатрешни работи.

„Како што објави и МВР и во двете спроведени постапки за конкретната набавка, критериумите биле исти односно се барале минималните услови за докажување на способност од Законот за јавни набавки и не постоел ниту еден дополнителен критериум. За двете спроведени постапки не било поставено ниту едно прашање пред јавното отворање, ниту пак е поднесена жалба за тендерската документација или жалба на одлуката за поништување на првата односно избор во втората постапка“, појаснуваат во писмената реакција од СДСМ.

Ништо ново од белиот дворец, додаваат од СДСМ според кои, наместо да го поздрави чинот на еколошка трансформација на објекти на МВР, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го прави она што единствено го знае – да ја манипулира јавноста.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт