Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ починатите од коронавирусот ги злоупотребува во партиски цели

Во ковид-центрите се лекуваат 702 пациенти

 

ВМРО-ДПМНЕ починатите од коронавирусот ги злоупотребува во партиски цели сведувајќи ги на статистика, тоа е доказ за нивниот нечесен и неодговорен однос кон граѓаните, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ кој кажа дека бројот на починати од коронавирус во Скопје е речиси ист со оној од скопскиот земјотрес.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува бесрамно да и злоупотребува жртвите од коронавирусот и нивните семејства во дневнопартиски цели. За очајното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски, човечките трагедии се само статистика таксативно наброена која служи за неосновани напади и деструкции. Јавноста памети за некрофилските настапи на оваа партија кога се правеа мрачни перформанси каде се шегуваа со лицата почитани или заразени од КОВИД 19“, се наведува во реакцијата,

Од почетокот на кризата со коронавирусот, па се до денеска, додаваатод СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски не стори ништо за да им помогне на здравствените работници.

„Напротив, од белиот дворец свесно ширеа лажни вести во обид да го поткопаат здравствениот систем и да ги понижат здравствените работници, свесно ги кршеа мерките и забраните и се однесуваа опасно по јавното здравје. Тоа е само уште еден доказ за неодговорното и нечесно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Заради тоа шест пати губат на избори и заради тоа уште долго ќе се опозиција“, велат од СДСМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт