Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ поддржува антиваксерство

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ поддржува антиваксерство

Додека СДСМ постојано апелира до граѓаните да се пријават за вакцинација и води кампања која ја подигнува свеста за потребата од вакцинација, за да успееме заеднички да ја победиме пандемијата, Христијан Мицкоски не повикува и не ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат, обвинија од СДСМ.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден на пандемијата се однесуваат неодговорно и опасно по јавното здравје, со намера да му наштетат на здравствениот систем и здравствените работници. Денес кога масовната имунизација е во полн ек, тие поддржуваат антиваксерски протести на кои се загрозува јавното здравје, наместо да повикаат граѓаните да се вакцинираат“, се наведува во соопштението.

Доказ дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат намера барем еднаш да покажат одговорност, велат од СДСМ, е фактот дека наместо да повикаат на вакцинација, правеа евалуација на кампањата за вакцинација.

„На оваа деструктивна партија очигледно не и е јасно дека оваа борба против коронавирусот бара одговорност и посветеност од секој поединец од секоја група на граѓани и токму затоа граѓаните ќе го казнат ова антиваксерско однесување на претстојните локални избори“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт