Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ побегна и од пратеничките прашања

Dik 300x250 mk

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска избегаа од салата од собраниската седница наменета за пратенички прашања. По којзнае кој пат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат во Собранието, се потпишуваат за присуство и дневници, добиваат патни трошоци а потоа седат надвор од пленарната сала, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по инструкции од Христијан Мицкоски избегаа од салата и кога се гласаа Заклучоците со кои започнавме преговори со ЕУ на чист македонски јазик, претходно бегаа кога се гласаше Буџетот, бегаа кога требаше да се гласаат интерпелации кои самите тие ги поднесуваа, бегаа и кога се носеа важни закони за вакцинација, за мерки за граѓаните.

Очигледно од ВМРО-ДПМНЕ се гласни само кога треба да се навредува, да се лажат граѓаните и кога треба да се бранат криминалците од белиот дворец.

Секогаш кога се во прашање интересите на граѓаните и државата тие бегаат и се ставаат на погрешната страна од државните интереси, на погрешната страна на историјата, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓаат обилни дождови, грмежи и силен ветер

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство