Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски е злосторничко здружение

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски е злосторничко здружение

Повеќе судски пресуди и признанија на вина од страна на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како „Титаник“ и „Плацови на Водно“ се потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, односно злосторничко здружение. Со судски одлуки е потврдено злосторничкото здружување, организираното перење пари, незаконското богатење преку криминални Белизе-шеми, изборните измами, криминализација на изборниот процес, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека шефот на Христијан Мицкоски, избеганиот криминалец Никола Груевски, е осуден на 11 години затвор во само три предмети. Во периодот додека се правеле овие криминалии, во 2015 година, Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, а пота и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту Мицкоски, ниту неговата партија не се оградија од криминалот, не им се извинија на граѓаните, не побараа одговорност. Ниту еднаш.

После сето ова, после овие пресуди и признанија за криминал од енормни размери нема друго, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Двајца крадци опљачкале објект за брзи кредити

СДСМ: Нервоза по објавените криминални скандали, Власта се нафрли врз младите кои ја шират вистината на Фејсбук

СВР Струмица поднесе кривична пријава против екс градоначалникот Костадинов