Не престануваат обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку разни конструкции да се изземат од одговорноста за раскрчмување на имотот на АД Славија, велат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на Димче Арсовски.
„Факт е дека вредноста на АД Славија драстично е опадната во периодот 2012 – 2017 година кога имотот се цепкал и продавал по пониски цени.
Факт е дека во тој период распродадени се над 70 отсто од имотот на АД Славија.
Денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста прикажувајќи ја само приходната страна од сметката, а не и расходната.
ВМРО-ДПМНЕ има целосна одговорност за состојбата во која денеска се наоѓа АД Славија“, се наведува во партиската реакција во која се додава дека наместо да шири лаги, ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните зошто за 12 години не го решила проблемот со „Славија“.