Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже дека 100.000 граѓани останале без работа, Мицкоски останува на погрешната страна

СДСМ: ВМРО-ДМПНЕ и Мицкоски преку своите неспособни кадри со невистини обвинуваат за злоупотреби и ги заплашуваат граѓаните

 

Скопје, 5 мај 2020

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш се на погрешната страна од историјата. Тие избраа да се однесуваат неодговорно и деструктивно во период кога државата поминува низ критични моменти со здравствената криза.

Во време на пандемија наместо да покажат солидарност и хуманост тие креираат лажни вести со цел успесите на државните институции да го престават како пропаст. Граѓаните одамна ги имаат препознаено лагите и манипулациите на ВМРО ДПМНЕ и затоа Мицкоски, свесен за поразот што го очекува, не сака ниту функционален парламент, ниту избори.

Последен од низата докази за нивното деструктивно и неодговорно однесување, е лажната вест од ВМРО-ДПМНЕ дека над 100.000 граѓани останале без работа поради кризата со коронавирусот, иако во реалноста, за целиот овој период, нема повеќе од 7.000 граѓани кои останале без работа и тоа е потврдено и преку официјални податоци.

Граѓаните имаа можност да се уверат како во период на мерки и забрани против корона вирусот, на Мицкоски му беше поважно да тренира во фитнес центри отворени само за него, отколку јавното здравје и животот на граѓаните.

Соочени со своите неуспешни, срамни и непатриотски обиди да направат се државата да не успее, ВМРО ДПМНЕ повторно нема конкретен став во однос на важните прашања.

Одговорност на политичките партии и на институциите е да ги нормализираат општествените процеси и да го вратат мирното секојдневие на граѓаните. Сите, вклучително и ВМРО ДПМНЕ, што се противат на обидите за воспоставување нормален живот, работат против интересите на граѓаните и на државата.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт