Токму ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал, корупција, нечесност и неспособност. Историскиот грабеж на режимот на Никола Груевски граѓаните многу добро го знаат затоа што многу скапо ги чинеше. Дополнително, тоа го потврдуваат бројните судски предмети кои во моментов се водат против поранешни високи функционери на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, но и за сегашни актуелни пратеници од оваа криминална партија, велат од СДСМ.
„Дали е тоа предметот за Игор Јанушев за штета врз буџетот од 5 милиони евра, дали е тоа предметот за Антонио Милошоски, или предметите за осудениот кримналец Никола Груевски, дали се тоа предметите за Орце Камчев, Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска. Се е тоа дел од криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем затоа Мицкоски и самиот се декларираше дека е на „браникот на криминалот“, кога се обидуваше да го спаси криминалот на режимот од одговорност, но не успеа. Дури и самиот бел дворец од којшто Николовски секојдневно шири невистини е дел од судска постака во случајот Талир“, пишува во соопштението од СДСМ.
Од оваа партија прашуваат, колку треба човек да биде без чувство за срам, да зборува за корупција и уназадување на слободи, а тој самиот да е синоним за корупција, аѓутант на бегалецот од Будимпешта, слуга на режимот.
„Александар Николовски, со висока партиска и државна позиција во времето на Никола Груевски, функционер во време на историската кражба на народот, најмалку може да зборува на тема корупција, криминал и слободи“, посочуваат од СДСМ.
Според нив, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога, како што велат, имаше системска корупција и неказнив криминал, денес, СДСМ преку институциите што ги предводи се бори против секаков вид на корупција и незаконско постапување.
Судството денес, оценува СДСМ, е ослободено од стегите на поединци и политички партии, институциите имаат засилен капацитет. „Се постапува неселективно при секое прекршување на законот, се носат пресуди и се санкционираат сторителите“, е напишано во писмениот допис од оваа партија.