Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неоснована паника, ситуацијата е под контрола

СДСМ: Исцелителот ли дава идеи за настапите на ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести

Реакција на прес- конференција на Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 27 февруари 2020

Најдобрата помош што може да ја даде ВМРО-ДПМНЕ е да престане да шири и предизвикува неоснован страв и паника меѓу граѓаните.

Ситуацијата е под контрола, откако вчера беше потврдени првиот случај на лице заразено со корона вирус во земјата, институциите се подготвени за брза реакција и ги презмеаат сите неопходни мерки согласно меѓународните протоколи.

Додека сите институции се ставени во функција за справување со Ковид-19 вирусот, ВМРО-ДПМНЕ во препознатлив стил се обидува преку лаги и конструкции да добие ситно дневно политички поени.

Граѓаните, вклучувајќи го тука  ВМРО-ДПМНЕ треба да ги почитуваат препораките на министерството за здравство, да се однесуваат одговорно и да не шират дефетизам и паника.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Медитерански циклон ни носи многу дожд и локално невреме!

На Предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани 

Претпладне сончево, попладне со локален дожд и грмежи