Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не лаже, нема да има никаква цензура, токму таа партија лустрираше писатели

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за состојбата во културата и за слободата на изразување, велат од партијата на власт.

dobivaj vesti na viber

„Токму оваа партија ја нарача срамната лустрација на Славко Јаневски славниот македонски писател и автор на првиот роман на македонски јазик. Токму ВМРО-ДПМНЕ еден од кодификаторите на македонскиот јазик, Блаже Конески, го нарекуваше „џуџето од Небрегово“. Денес, ВМРО-ДПМНЕ извртува изјави и ја плаши јавноста со наводна цензура, што нема врска со реалноста“, реагираат од СДСМ.

Слободата на изразување, која ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 годишниот режим постојано ја погазуваше, велат од владејачката партија, денес е загарантирана и никој не смее да ја загрозува.

„ВМРО-ДПМНЕ едноставно не се откажува од ширењето лажни вести и дезинформации кое им е единствен начин на политичко дејствување“, се посочува во реакцијата од СДСМ.

Можете да прочитате

Србија ги демантира тврдењата: Македонија не забранила увоз на киви

Вооружена пресметка во Арачиново – 24info.mk

Сиљановска Давкова: Мора да добиеме гаранции дека нема да не туркаат да расправаме за идентитетски прашања