Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ аздисува со парите на граѓаните, градоначалниците трошат милиони евра за партиски вработувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ аздисува со парите на граѓаните, градоначалниците трошат милиони евра за партиски вработувања

И во време на криза градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од расипничко трошење на парите на граѓаните, реагираат од партијата на власт.

Посочуваат дека само во пет општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ ќе се потрошат над 1,2 милиони евра за партиски времени вработувања.

„Во Скопје, 670 илјади евра, во Бутел 200 илјади евра, во Ѓорче Петров 133 илјади евра, во Карпош 75 илјади евра, во Гази Баба 160 илјади евра. А токму овие градоначалници без трошка срам бараат пари од Владата предводена од СДСМ и се закануваат со некаква радикализација, а трошат илјадници евра на скапи телефони, чоколади и сокови. Повеќе од 1,2 милиони евра се сериозни пари со кои може да реализираат важни проекти, пари со кои може да им се помогне на граѓаните и на јавните претпријатија во справувањето со последиците од кризата“, се истакнува во писмената реакција од страна на СДСМ.

Но, на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ тоа не им паѓа на памет, додаваат од оваа партија, бидејќи, како што велат, единствено се грижат за исполнување на лични потреби и целосна партизација на општините во кои раководат.

„Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа нереформирана партија останува симбол на криминал и расипништво“, истакнува владејачкиот СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт