Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДМПНЕ и Мицкоски преку своите неспособни кадри со невистини обвинуваат за злоупотреби и ги заплашуваат граѓаните

СДСМ: ВМРО-ДМПНЕ и Мицкоски преку своите неспособни кадри со невистини обвинуваат за злоупотреби и ги заплашуваат граѓаните

Скопје, 12 февруари 2020

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев шират лаги за наводни злоупотреби и ги плашат граѓаните дека има застој во издавањето на лични документи.

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри во техничката влада не ја разбираат својата улога, дека се таму да ги решаваат проблемите на граѓаните, а не да изнесуваат жалби и лажни, конструирани обвинувања.

Додека СДСМ имаше министер за внатрешни работи немаше никакви проблеми ниту со пасоши, ниту со лични карти, и ВМРО-ДПМНЕ, ако не знае како да го реши проблемот, може слободно да побара помош од СДСМ.

Техничкиот министер Чулев, кој е информиран дека е можно да се појави проблем со издавањето на патните исправи и дека тој е одговорен со брза реакција да го реши проблемот, бидејќи не смее на граѓаните да им се скрати легитимното право на граѓаните да имаат свои патни исправи.

Чулев во манирот на ВМРО-ДПМНЕ, водено Будимпшета од бегалецот од правдата Никола Груевски, наместо да се грижи за интересите на граѓаните, шири лаги и невистини и се обидува да ги манипулира и заплашува.

Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи за нивните интереси, а ВМРО-ДПМНЕ се залага само за враќање на режимот и криминалот и затоа на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме