Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Владата предводена од СДСМ бескомпромисно ќе се бори против корупцијата

(Видео) Пендаровски го прими премиерот Заев и министрите во новата Влада

Идните чекори за борба против корупцијата се поставени во четиригодишната програма на Владата предводена од СДСМ. Заедничка цел на Владата и на сите институции е бескомпромисна борба против корупцијата во полза на развој на стопанството, општеството, поквалитетен живот на граѓаните и забрзан чекор напред со вредности кои ќе ни донесат европски стандард на живеење дома, соопшти СДСМ.

„ Владата, институциите се посветени на обезбедување ред, правда и дисциплина, принципиелност во работењето, рамноправност и еднакви шанси за сите.

Превентивата е половина борба против корупцијата, и тука ќе покажеме напредок, со зголемена транспарентност на сите нивоа, со намалување на дискреционите права на функционерите, почитување на правилата, реакција на сите злоупотреби на моќ во сите ешалони и блиска соработка со инспекторатите.

Нема компромис за министрите, директорите, раководителите и за целата јавна администрација – ако некој го прекрши законот го очекува оставка или разрешување, но и соочување со законите.

Владата предводена од СДСМ во изминатите 3 години успешно ги реши крупните децениски надворешни проблеми на државата, што беше крунисано со членството во НАТО и почнување на преговори за членство во Европската унија.

Сега претстои стабилен политички период, одлучна и бескомпромисна борба против сивата економијата, криминалот и корупцијата, ефикасен, транспарентен и одговорен правен систем, со прочистување на судството, проверка на потекло на пари и капитал кај секој функционер и градење правна држава.

Интересите на граѓаните и на државата се на прво место, заедно можеме да ги оствариме високите цели кои ги имаме поставено“ се наведува во партиското соопштение.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт