Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Владата го реши проблемот со парното, додека Арсовска ги игнорираше барањата на скопјани

СДСМ: Владата го реши проблемот со парното, додека Арсовска ги игнорираше барањата на скопјани

Додека градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска ги игнорираше барањата на скопјани да се реши проблемот со парното, Владата предводена од СДСМ презеде низа одговорни чекори за надминување на кризата со топлинската енергија, се вели во соопштението од СДСМ.

Со прогласувањето на кризната состојба се преземаа мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија и заштита на економскиот стандард на граѓаните.

Согласно владината одлука, АД ЕСМ од 21 јануари да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север се до крајот на грејната сезона, со што се решава проблемот со парното затоплување во Скопје,а скопјани добиваат дополнителни три часа греење до 1:00 часот по полноќ.

Владата преку ЕСМ ќе го стабилизира пазарот на топлинска енергија, откако во решавањето на проблемот не партиципираа Град Скопје и општините.

АД ЕСМ во моментот ги покрива 100 % од потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар.

Владата, институциите предводени од СДСМ се целосно посветени на справувањето со енергетската криза. Буџетот за 2022 предвидува ставки за да се излезе во пресрет и во случај ако има дополнителна здравствена и економска енергетска криза.

Од СДСМ наведуваат дека очигледна е разликата меѓу одговорното управување со институциите од страна на СДСМ и неработењето на Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?