Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Бертелсман индексот за трансформација ги потврди одговорните политики на земјата

СДСМ: Извештајот на ЕК ги потврди успешните европски политики на СДСМ, продолжуваме по патот на реформи и интеграција
Dik 300x250 mk

Скопје, 3 мај 2020
Државничките и одговорни политики на СДСМ и владата што ја предводи уште еднаш добиваат меѓународно признание.
Во извештајот на Бертелсман индексот за трансформација (БТИ) е наведено дека Северна Македонија бележи напредок според поголем број критериуми, споредбено со периодот пред четири години. Извештајот нотира дека нашата држава има генерален скок од 14 места на листата, а поединечно е забележан напредок од 19 места во индексот на владеење.
Северна Македонија сега е рангирана на 30-то место, а позади нас се Албанија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Во врска со индексот на владеење каде што е забележан најголем напредок, нашата држава е подобро оценета од Хрватска, Романија, Унгарија, Бугарија, Полска, Србија, Косово, Албанија… со што Северна Македонија е лидер во регионот според индексот за трансформација.
Во Извештајот се наведува дека по 11 години десничарско и конзервативно владеење актуелната влада е решена одново да ги изгради институциите и да ја возобнови демократијата. Практично, забележаниот прогрес во повеќе сфери се должи на искрениот, транспарентен и демократски принцип на владеење што го практикува СДСМ. Ваквиот граѓански концепт ќе го градиме и во иднина.
Затоа што нашиот фокус и натаму остануваат граѓаните, демократијата, правдата и економијата, овој Бертелсман индекс за трансформација ќе бележи напредок и во следните години затоа што СДСМ ја води државата во вистинска насока.
Овој Извештај е потврда на исправните и применливи политики кои ги спроведуваме.
Решавањето на тридеценскиот спор со Грција околу името ги отстранило главните препреки за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ и се додава дека сетот реформи на правосудството има за цел да ја намали политичката контрола и да ја воспостави независноста на судството. Ова е потврда дека Северна Македонија е на прав пат и дека ќе продолжиме со реформите во судството и администрацијата со цел да завладее правната држава која целосно ќе ги искорени криминалот и корупцијата. 
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман