Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Арсовска нервозно навредуваше архитекти откако ги разобличија нејзините лаги

СДСМ: Арсовска нервозно навредуваше архитекти откако ги разобличија нејзините лаги

Освен неработа и неспособност градоначалничката Данела Арсовска демонстрира дрско и безобразно однесување, велат од СДСМ во однос на денешното соочување на скопската градоначалничка со архитектите и проектантот на Универзалната сала.

„Нервозната Арсовска на јавен настан навредуваше архитекти, се расправаше со нив и се обидуваше да ги замолчи да ја кажат вистината за Универзална сала.

Однесувањето на Арсовска потсети на режимските времиња кога стручната јавност, новинарите и граѓаните се замолчуваа и им беше забранувано да зборуваат.

Денеска пред целата јавност пропаднаа обидите на Арсовска преку лаги да ги плаши граѓаните на Скопје дека Универзална сала е небезбеден проект“, се наведува во партиската реакција во која се додава дека на Арсовска и биле потребни само неколку месеци да се докаже како најнеуспешен градоначалник на Градот Скопје.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт