Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Арсовска лаже дека ги исчистила депониите, диви депонии никнуваат во Карпош и по цело Скопје

СДСМ: Арсовска лаже дека ги исчистила депониите, диви депонии никнуваат во Карпош и по цело Скопје

Данела Арсовска излажа дека Градот исчистил 150 депонии во првите 82 дена од нејзиниот мандат, обвинуваат од СДСМ.

„ Не само што не се исчистени постоечките, туку во секоја општина во Скопје постојано никнуваат нови диви депонии кои Арсовска ги игнорира. Карпош е само една од многуте општини каде што дивите депонии се неисчистени што може да се види и од фотографиите во прилог.

Арсовска во првите три месеци од мандатот не сработи ништо, не ги продолжува проектите од својот претходните, не реализира ниту свои проекти, градот е нечист и без план за иден развој“ се вели во соопштението.

Од партијата додаваат дека нивелацијата на шахти, партизацијата на Градот и изземањето од одговорност, е резултатот на Арсовска во првите три месеци од нејзиниот мандат.

Можете да прочитате

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја води државата кон економски и институционален колапс

40 степени измерени во Скопје во 14 часот (ФОТО)

За 8 часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл