Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: Арсовска кандидатката на Груевски е иста како него, кукавички бега од новинарски прашања и соочување со јавноста

СДСМ: Арсовска кандидатката на Груевски е иста како него, кукавички бега од новинарски прашања и соочување со јавноста
Img 7972

„Данела Арсовска која се уште се обидува да глуми независна, секојдневно се потврдува како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ назначен директно од Груевски.

И Арсовска исто како Груевски бега од новинарски прашања или не дозволува да и бидат поставени, бега од соочување со јавноста и користи иста реторика како онаа од Белиот дворец.

Со таков однос Арсовска не може да понуди ништо добро за Скопје, ВМРО-ДПМНЕ партијата чиј кандидат е 27 години го уништуваше Град Скопје и граѓаните нема да им дозволат тоа веќе да се повтори.

Арсовска е избрана само за да го понесе поразот во Скопје. Мицкоски не може да побегне од казната што скопјани ќе му ја испорачаат без разлика колку упорно се обидува да ги прелаже со стари истрошени трикови“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

Фазлиу: Вреди поднесе иницијатива до Антикорупциската комисија за тендерите на „Ас Сењак“

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС

Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани