Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Арсовска врши груба партизација на јавни институции

СДСМ: Арсовска врши груба партизација на јавни институции

Градоначалничката на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска со полна пареа тргна во груба партизација на јавните установи и Јавните претпријатија под надлежност на Градот, реагира владејачката СДСМ.

„Независната“ Данела Арсовска, велат од таму, предлага лица од режимот да бидат поставени на клучни позиции.

„За член на Јавната установа Младински културен центар предложена е Јелена Жугиќ, која со години беше дел од режимот и која бараше кон граѓаните да се пука со гумени куршуми. Предлог листите за членовите на Управните и Надзорните одбори на Јавните установи и јавните претпријатија во Град Скопје се полни со партиски докажани кадри на ВМРО-ДПМНЕ“, посочуваат од СДСМ.

Според СДСМ, Данела Арсовска освен тотална неспособност, освен што врши груба партизација на институциите и блокира важни проекти за граѓаните, покажува и дека нема намера ништо да сработи.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт