Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Апокалипса му се случува на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Апокалипса му се случува на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ

„Не престанува деструктивното, мрачно и неодговорно однесување на Христијан Мицкоски кој сам се прогласи за хистеричен.Три години Мицкоски ги плаши граѓаните со апокалиптични сценарија, сценарија со кои ќе се населуваа мигранти, ќе се редефинирал политичкиот систем, апокалиптични сценарија по економијата, апокалиптични сценарија по здравјето на граѓаните и од сето тоа не се случи ништо. А, кога не претскажува мрачни апокалиптични сценарија, Мицкоски шири хистерија и лицемерно глуми загриженост за граѓаните и државата“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, Христијан Мицкоски е единствениот кој посветено работи против интересите на државата, на граѓаните, против јавното здравје, против европската иднина.

„Исто како што се однесуваше за време на пандемијата со коронавирусот, деструктивно, опасно и неодговорно, така се однесува и денеска во однос на прашањето со Бугарија, во одноа на државните и национални интереси. Никој веќе не верува во таканаречените апокалиптични сценарија на Мицкоски. Апокалиспа му се случува во неговата ВМРО-ДПМНЕ, изолирана и поделена партија во стечај, во долгови и со одамна изгубена доверба од граѓаните“, се вели во реакцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Локални избори 2025: Најмладиот кандидат за градоначалник има 23, настариот 79 години

ВМРО-ДПМНЕ: Делата ја демантираат реториката на Мојсоска и Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари

МЕТЕОАЛАРМ РАНА НАЈАВА: Од 26 септември голема временска промена, многу врнежи и значително ладно!