Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ:Да не помислува извршителот Мицкоски да ја злоупотребува националната и родова припадност на Мизрахи

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ во 2019 беше најголемиот кочничар на напредокот, затоа на 12 април уште еднаш ќе загубат
300x250 opst2

Скопје, 15 февруари 2020
Да не помислува извршителот Мицкоски да злоупотребува пол, национална, етничка припадност, висина, како што тоа го направија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ осомничените Милошоски и Димовски.
Тие навреди и лаги полни со насочена омраза на национална, етничка и родова основа кои ги искажа ВМРО-ДПМНЕ во Собраниската сала и преку медиумите под нивна контрола покажува колку се во паника извршителите на Груевски.
Победи владеењето на правото и заштитата на Уставот, победи заштитата на стечајците, на иднината на државата и членството во НАТО и ЕУ.
Никој не смее да го крши Уставот и да се обидува да ја враќа земјата назад, да ја оддалечува од НАТО и ЕУ.
Пред Уставот и законот сите се исти. Уставот важи за сите подеднакво.
Северна Македонија мора да биде правна држава, рамо до рамо со европските демократски држави.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции