Утрински Весник
Македонија

СДММ: ИТ секторот е двигател на  процесот на намалување на младинската невработеност

СДММ: ИТ секторот е двигател на  процесот на намалување на младинската невработеност

Скопје, 18 февруари 2020

Претставници на СДММ денеска беа на посета во Сеавус едукативен и развоен центар, каде одржаа средба со извршниот директор, Весна Ивановска. На средбата се дискутираше за поттикнување и развој на претприемништвото, актуелните трендови и насоката во која треба да се движат политиките за да се охрабрат што поголем број на млади луѓе да започнат кариера во областа на технологија и дизајн.

Социјалдемократската младина на Македонија започна со низа консултативни средби со млади, студенти, младински организации, млади претприемачи, претставници на бизнис секторот и останати, се со цел предлозите кои ќе произлезаат  за важните политичко општествени прашања поврзани со младите, да бидат дел од нашата програма. Креираме сеопфатна програма која ќе ги отсликува реалните потреби на младите, ќе креира нови можности и ќе го подобри квалитетот на живот на секој млад човек.

Сеавус едукативен и развоен центар претставува специјализиран центар за обука и едукација во областа на програмирање, дизајн, компјутерски мрежи и тестирање на софтвер, како и IТhink – првата акдемија за технологија за деца кај нас. Во моментов над 400 студенти се дел од академиите на центарот, а најголем интерес има за академијата за програмирање.

Во 2019 година, во рамките на едукативниот центар, се отвори и еден од трите акцелератори поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој кој има за цел да го стимулира претприемништвото во нашата држава, преку поддршка и инвестиции во новоосновани бизниси.

На денешната средба се разговараше за мерките кои се спроведени, до сега, во делот на развој на претприемништво и поттикнување на младите да отпочнат сопствен бизнис. Од Сеавус го споделија нивното искуство од работа со акцелераторот, каков е интересот на младите, како добрата идеја го наоѓа патот до реализација и како препознаваат бизниси со потенцијал за раст.

Во нашата држава има добри примери за успешни стартапи и треба да се работи на јакнење на капацитетите и овозможување што поголеми олеснувања за компаниите и флексибилност, со цел да се зголеми нивната активност.

Дополнително се разговараше за едукативната улога на центарот, со квалификација и преквалификација на млади луѓе преку програмите кои ги нудат, како и специјализација во одредени сектори. Голем број на млади луѓе не се пронаоѓаат во областа која ја работат и одлучуваат да пробаат кариера во ИТ и дизајнерската индустрија. Мотивирачки е податокот дека 75 % од студентите во Сеавус, наоѓаат работа во 3 месеци по завршување на програмата.

Од СДММ споделија дека еден од столбовите на изборната програма ќе биде Иновативна македонска економија. Тоа ќе се постигне преку поддршка на сите храбри иновативни идеи на младите претприемачи. Дигитализација и решенија за развој на ИТ економија ќе бидат во нашиот фокус при прекирање на мерките.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

1,95% ќе биде каматата за стопанството со 3 години грејс период и 15 години рок на отплата, рече Мицкоски

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи