Штип, 2 април 2020 (МИА) – Приведени се двајцата штипјани кои навредувале и претепале 21-годишна девојка среде бел ден во влез на станбена зграда, при што целиот случај со снимиле на мобилен, а видеото се најде на социјалните мрежи. Тие ќе останат 24 часа во полициска станица.
– По преземените мерки од слобода се лишени две лица на возраст од 23 и 26 години, за конкретниот настан запознаени се Основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи. Секторот за внатрешни работи ги презема сите мерки за расчистување на случајот, вели портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.
Двајца штипјани се со иницијали С.А. и П.Р, но други детали за тоа кога се случил настанот и како видеото завршило на социјалните мрежи не откриваат.
Од штипското јавно обвинителство велат дека дале насоки и чекаат да заврши постапката околу собирањето на доказите за случајот со девојката.
– Пред да стигне пријавата меѓу другото мора да се утврдат и повредите на девојката, по што ќе бидат преземени и други дејства од наша страна, велат од Основното обвинтелство во Штип.
Тимот од Центарот за социјална работа-Штип на девојката веќе има понудено психосоцијална поддршка. На видеото се слуша дека девојката била бремена, а нивните тимови ќе истражуваат дали била во партнерски однос со еден од нив, и дали токму поради тоа има и семејно насилство. вдј/нд/