Утрински Весник
Македонија

СВР – Штип поднесе шест кривични пријави за непочитување на мерката самоизолација

Дваесетгодишник од Делчево со украдена картичка подигал пари од банкомат

Штип, 20 март 2020 (МИА) –Секторот за внатрешни работи Штип попладнево поднесе шест кривични пријави за непочитувањето на мерката за самоизолација.

Портпаролот на СВР – Штип Гордана Панајотова информира дека до Обвинителството се доставени една пријава за случај во Штип, а полициската станица во Свети Николе исто така има доставено една пријава. По две пријави има за граѓани кои пристигнале од странство, а не ја почитувале мерката во општините Кочани и Делчево.

Пријавите се по член 206, односно овие лица треба да очекуваат парична казна, која ќе им ја изрече надлежниот суд.

МИА веќе информираше дека бројот на лица во самоизолација на територија на целиот источен регион е зголемен за сто, со што бројката изнесува 345.

Во Штип под специјален надзор се вкупно 15 лица. вдј/мд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски, Собранието ќе ја констатира и оставката на претседателката на ДКСК Димитровска

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување воведува СМС-известувања за решенија за пензија

Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска