Утрински Весник
Македонија

СВР Тетово спроведува активности за спречување на насилства и недостојно однесување на спортски натпревари

СВР Тетово спроведува активности за спречување на насилства и недостојно однесување на спортски натпревари
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гостивар, 26 февруари 2020 (МИА) – СВР Тетово неделава стартува со повеќе превентивни активности на тема „Спречување на насилно и недостојно однесување на спортски натпрeвари“. Со овие активности планирано е да се опфатат околу три илјади од четврта година во сите средни училишта на полошкото подрачје.

– Во училиштата веќе се одржуваат посебни работилници, односно предавања, на кои интерактивно учествуваат и родители, училишни психолози и педагози. На нив се дебатира за потребата од фер и спортско навивање на фудбалски или други натпревари, но и за законските импликации доколку се иницира или учествува во насилство пред, за време или по завршување на натпреварите, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

На предавањата посебен акцент му е ставен на претстојниот квалификациски натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Република Северна Македонија и Република Косово. Натпреварот е закажан за 26 март годинава и ќе се игра во Скопје, а на кој се најавува присуство на повеќе навивачки групи, меѓу кои и од тетовско-гостиварското подрачје. згм/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен