Тетово, 12 февруари 2020 (МИА) – Секторот за внатрешни работи Тетово е подготвен за изборите и нема закани по безбедноста, оцени денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска при посетата на овој сектор.
Ова е прва посета на секторите, кои Петровска најави дека ќе ги направи во периодот што следува.
– Со раководството на СВР Тетово разговаравме за повеќе теми. Прво, тие ме информираа за безбедносната состојба на подрачејто на СВР Тетово и истата ја оценија дека е стабилна, нема нарушувања на јавниот ред и мир, ниту поголеми безбедносни закани. Втората тема на која дискутирваме се претстојните парламентарни избори и подготвеноста на колегите од секторот за справување, односно организација и успешно менаџирање. И тука не беа посочени некои критични точки, нивната теренска работа е поставена, во рамки на своите надлежности ги извршуваат секојдневно своите обврски и не очекуваме ниту нарушувања ниту закани за граѓаните за периодот кој претстои, изјави Петровска.
Освен во СВР Тетово, Петровска посети и други организациони единици, односно одделенијата за внатрешни работи во Гостивар, Камењане и Жеровјане, како и гостиварската сообраќајна полиција.ас/фф/