Утрински Весник
Магазин

Свршена 8 години, но Кристина Агилера не брза да се омажи

Поп ѕвездата Кристина Агилера и гитаристот Метју Ратлер се свршија пред осум години – но двојката сè уште не брза да застане пред олтар.

dobivaj vesti na viber

„Во моментов нема планови за свадба. Кристина и Мет се среќни такви какви што се. Тие се еден од оние парови на кои не им треба документ за да ја докажат својата љубов еден кон друг,“ анонимен извор изјави за „Ју-ес викли“.

Кристина (41) беше среде развод од поранешниот сопруг Џордан Братман кога го запозна Мет пред повеќе од десет години.

Кристина и Мет се свршија на Денот на вљубените во 2014 година, а подоцна истата година ја добија нивната ќерка, Самер Реин.

И покрај тоа, Кристина инсистираше на тоа дека не сака да брза со бракот.

Музичарката, која исто така го има Макс (14) со нејзиниот поранешен сопруг, во една прилика изјави: „Нашата љубов е доволно сигурна што не ни треба свадба за да ја докажеме нашата посветеност. Уживаме со ќерката, семејството и работата засега“.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста