Утрински Весник
Македонија

Свидетелства за полуматурантите од Аеродром денеска од 8 до 15 часот

Свидетелства за полуматурантите од Аеродром денеска од 8 до 15 часот

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Заврши учебната 2019/2020 година за сите ученици, во која првпат се реализира настава по електронски пат и во вонредни услови. Свидителствата за деветтоодделенците ќе се доделуваат денеска во сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром од 8 до 15 часот.

Запишувањето во средните училишта, како што соопшти Општината, ќе се одвива од 16 до 18 јуни 2020 година во периодот од 7 до 19 часот и на 19 јуни 2020 од 7 до 13 часот.

– Градоначалникот Златко Марин и Општина Аеродром им го честитаат крајот на учебната година на сите ученици и наставници, кои во специфични околности успешно ја реализираа наставата и ги надминаа предизвиците, се наведува во соопштението. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“