Утрински Весник
Магазин

Свештеник ги прскал верниците со пиштол на крстена вода

Свештеник ги прскал верниците со пиштол на крстена вода

Детроит, 18 мај 2020 (/) – Свештеник од Детроит, Мичиген, САД, сакајќи да го задржи пропишаното физичко растојание, на Велигден ги прскал верниците со пиштол на вода, секако – наполнет со крстена вода.

Снимките како отец Тим Пелк (70), носејќи и заштитна маска, ги прска луѓето со пиштолчето преку прозорецот од нивниот автомобил, се појавија дури сега и станаа инспирација за лавина шеги на интернет.

За тамошните медиуми, тој изјави дека тоа било така зашто луѓето од тој крај сериозно ги сфаќаат препораките на здравствените власти во однос на корона-пандемијата.

Досега во САД има 1,52 милиона заболени лица од коронавирусот, од кои 89,932 се починати. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната

Мексиканката Фатима Бош е новата „Мис Универзум“

Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судниот час, што треба да правите?