Утрински Весник
Спорт

Светски рекорд на Тоби Амусан

Тоби Амусан од Нигерија е една од хероините на Светскиот шампионат во атлетика. Амусан, на последниот натпреварувачки ден успеа да постави нов светски рекорд на 110 метри со пречки.

dobivaj vesti na viber

Најдоброто време во историјата, Амусан го постави во полуфиналето (12.12 секунди).

Во финалето Амусан беше уште побрза. Таа стигна до целта за 12,06 секунди, но ветер во грбот беше посилен од дозволените 2 m/s (2,5 m/s), така што овој резултат нема да биде признаен како светски рекорд.

Далеку зад атлетичарката од Нигерија, среброто го освои Јамајканката Британи Андерсон со 12.23, додека трета со идентично време беше Јасмина Камачо-Квин од Порторико.

Можете да прочитате

Лазаров повика 35 ракометари за подготовките за ЕП 2026

Љубослав Пенев се бори за живот

Почина легендарниот италијански тенисер Пјетрањели