Утрински Весник
Спорт

Светски рекорди за Фарах и Хасан

Светски рекорди за Фарах и Хасан
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Холанѓанката Сифан Хасан и легендарниот Британец Мо Фарах поставија нови светски рекорди во Дијамантската лига, во трките на еден час. Светските рекорди Хасан и Фарах во оваа дисциплина која не е олимписка ги поставија во Брисел.

Хасан убедливо дојде до светскиот рекорд, за еден час таа истрчала 18 километри и 930 метри. Овој резултат е за 413 метри подобар од рекордот што во 2008 година го постави Дире Туна од Етиопија.

Фарах водеше голема борба со Белгиецот Абди Башир, на крајот за 45 метри го поправи светскиот рекорд. Фарај истрчал 21 километар и и 330 метри. Британецот за осум метри го победи Башар.

Наредниот митинг во Дијамантската лига ќе се одржи на 17 септември во Рим.

> Светски рекорди за Фарах и Хасан <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини