Утрински Весник
Македонија

Светскиот фонд за природата: Европскиот зелен договор изоставен од Декларацијата во Загреб

Во Европа за еден месец 11.000 помалку смртни случаи од загадување

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Очекуваната политика на ЕУ – Европскиот зелен договор беше изоставена од Декларацијата во Загреб. Тоа значи дека таа не се осврнува на животната средина и природата како клучни елементи за градење посилна, правична и поотпорна иднина, соопшти денеска Светскиот фонд за природа (ВВФ).

Светскиот фонд за природата како што соопшти, испрати отворено писмо до Европската комисија и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој во моментов претседава со Советот на Европската унија.

Во писмото ја нагласува важноста на Европскиот зелен договор, што ги третира загубата на биодиверзитетот, климатските промени и деградацијата на екосистемот како приоритети за идната политичка агенда на ЕУ.

Според Светскиот фонд за природата, овој договор треба да доведе до многу потребни економски, социјални и еколошки промени. За жал, појаснува, содржината на Декларацијата во Загреб покажува дека лидерите од Западен Балкан решиле да ја игнорираат.

– Во овој момент, кога ги имаме сите научни податоци кои јасно кажуваат дека мора да дејствуваме брзо и да вложиме напори во обезбедување зелена економија, систем на нискојаглероден развој и целокупна промена во однесувањето кон животната средина, носителите на одлуки решија да ги остават овие важни прашања настрана, рече Петра Ремета од Светскиот фонд за природата.

Таа ја нагласува потребата за силна посветеност на носителите на одлуки во Западен Балкан, како и на оние во ЕУ, да постигнат целосна интеграција на Европскиот зелен договор во претстојниот економски и инвестициски план за регионот.

– Зелениот договор на ЕУ е важен план за економското закрепнување не само на сегашните членки на ЕУ, туку и на нашите најблиски соседи и пошироко, изјави Естер Асин, директор на канцеларијата за европска политика на Светскиот фонд за природата, и ги повика сите политички лидери да се обединат за одржлива и отпорна економија. бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска кон ВМРО-ДПМНЕ: Срам да ви е!

Петровска кон ВМРО-ДПМНЕ: Срам да ви е!

МВР ќе го испита секое прераспоредување на вработени по изборите до изборот на новите функционери