Утрински Весник
Економија

Светска туристичка организација: 2020 е најлошата година во историјата на туризмот

Светска туристичка организација: 2020 е најлошата година во историјата на туризмот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со 72 проценти помалку меѓународни пристигнувања во првите десет месеци и глобална загуба од 935 милијарди долари на приходи од извоз, ова е најлошата година во историјата на светскиот туризам, а достигнување на нивото на сообраќај од 2019 година се очкува за две до четири или повеќе години, велат од Светската туристичка организација (UNWTO).

Презентирајќи ги најновите податоци, според кои дестинациите во светот од почетокот на 2020 до крајот на октомври примиле 900 милиони странски туристи помалку, отколку во истиот период во 2019 година, UNWTO тоа директно го поврза со пандемиските влијанија и воведувањето на ограничувања на патувањето, со што, како што се вели, значително е намалена довербата и побарувачката за патувања.

За загубата од 935 милијарди долари во извозот од меѓународниот туризам, од организацијата велат дека е повеќе од десет пати поголема отколку во 2009 година поради глобалната економска криза, додека целокупниот огромен пад на туризмот поради пандемијата предупредуваат дека може да резултира со економска загуба од 2.000 милијарди долари од светскиот БДП.

„Врз основа на сегашните податоци за целата 2020 година, UNWTO очекува пад на меѓународните пристигнувања за 70 до 75 проценти во споредба со 2019 година, со што глобалниот туризам се враќа на нивото од пред 30 години. Тоа значи милијарда помалку пристигнувања на странски туристи и загуби од околу 1,1 трилион долари во приходи од меѓународен туризам“, соопшти UNWTO.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра