Утрински Весник
Македонија

Светска банка: Можно е училиштата во регионот да не се отворат до следната учебна година

НСОН бара исплата на платата за март за основното и средното образование

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Пандемијата на Ковид-19 веќе имаше длабоко влијание врз образованието и ќе ги влоши веќе постоечките проблеми и нееднаквости во образованието во регионот. Минимизирањето на потенцијалите негативни влијанија бара агресивни одговори на политиките, а земјите на Западен Балкан веќе почнаа со напорите за ублажување.

Ова се наведува во новата серија белешки што ги објави Светска банка, а го разгледуваат  влијанието од Ковид -19 врз здравствените системи, сиромаштијата и добросостојбата на домаќинствата, образованието, социјалната заштита, пазарите на труд и управувањето со квалитетот на воздухот во земјите од Западен Балкан. Тие се дополнение на неодамна објавениот Редовен економски извештај за земјите од Западен Балкан бр. 17 на Светска банка.

– Иако е непознато како ќе еволуира пандемијата, можно е училиштата во регионот да не се отворат до следната учебна година и локализирани прекини на образовниот процес да продолжат и во таа учебна година што ќе води кон постепено и делумно отворање на училиштата. Потоа образовните системи мора да продолжат да одговараат на прекинот со истовремено спречување и минимизирање на загубите на учењето и со штитење на еднаквоста и на инклузијата, се вели во Влијание од КОВИД -19 врз образованието и мерките во Западен Балкан. 

Според Светска банка, има големи одговори на политиките што властите може да
ги земат предвид во фазата на справување, додека училиштата се затворени, а потоа и во фазата на управување со континуитетот со постепено отворање на училиштата и помали ограничувања на движењето. Утврдени се и среднорочни политики за градење отпорност и за ублажување на загубите на човечкиот капитал во фазата на закрепнување по Ковид-19 кога училиштата ќе бидат отворени.

Во фазата на справување се препорачува да се продолжи со учењето на далечина и да се ублажат загубите на учење што е можно поеднакво, зајакната тековна поддршка за наставниците и за родителите да можат да им помогнат на децата да останат ангажирани во училиште, прилагодување на националниот систем за оценување за да се обезбеди полесен премин помеѓу одделенијата и циклусите. Кога училиштата повторно ќе се отворат, важно е внимателно да се разгледаат политиките и искуствата на земјите што веќе ги отвориле училиштата.

Од Светска банка посочуваат и на обезбедување програми за летни школи и други програми за забрзано учење за да им се надомести загубеното учење на учениците, особено на оние што имаат ризик да заостанат. Да се обезбеди соодветно финансирање за да се поддржат новите потреби за обновување на знаењето, особено за учениците во полоша положба, откако ќе се отворат училиштата. Се преорачува заштитување и подобрување на финансирањето на образованието за да се ублажат и да се спречат понатамошните загуби на учење и да се одржат подобрувањата. Кризата, како што се наведува, може да отвори можности за реформи со кои, на среден рок, ќе се подобри успешноста на образованието и ќе се изгради отпорност. мд/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег