Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Светиот крст донесен во Општина Илинден

Светиот крст донесен во Општина Илинден
300x250 opst2

Игор Јакимовски кој е еден од 30-ина учесници на централната манифестација во Скопје за празникот Богојавление-Водици, кај кој пристигна Богојавленскиот крст откако архиепископот г.г Стефан го положи во водите на реката Вардар, денеска ја посети Општина Илинден.

Градоначалникот Александар Георгиевски, му се заблагодари на Јакимовски што го донесе крстот во просториите на Општина Илинден, изразувајќи верба дека Светиот крст ќе донесе здравје, среќа, радост, благосостојба, подобар живот на сите граѓани во Општина Илинден. Градоначалникот Георгиевски на Јакимовски му подари икона од Св. Јован Крстител.

Јакимовски не ја криеше радоста и рече дека на манифестацијата учествува по 29-ти пат, а оваа година крстот е за сите во знак на сплотеност и заедништво. Притоа, заблагодарувајќи му се на градоначалникот Георгиевски, на сите граѓани им посака Светиот крст да им донесе многу здравје, радост и среќа.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Повреден малолетник во Охрид, го претепале соученици