Утрински Весник
Економија

Светиниколскиот градоначалник на средба со бизнис секторот

Светиниколскиот градоначалник на средба со бизнис секторот

Штип, 18 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски денеска одржа состанок со бизнис секторот. Тој истакна дека од страна на сопствениците на фабриките му е потенцирано дека во моментов има недостаток од заштитни маски, кои во вакви услови се неопходни за здравјето на работниците, кои се во реалниот сектор.
На средбата се дискутираше и за превенцијата што ја преземаат фирмите околу дезинфекција и заштита на вработените. Се констататираше  дека има недостаток на заштитни маски, но во наредниот период се надеваме дека ќе се обезбеди доволна количина за сите, вели Велковски.  

Тој истакна дека од страна на производителите на леб и лебни пецива и големите маркети е потенцирано дека се снабдени со потребните количини на прехранбени производи и дека нема место за паника.

Општина Свети Николе покрај тоа што почна со дезинфекција на улиците и тротоарите во градот, во текот на денот ваква дезинфекција почна да врши и во руралните средини.вдј/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Божиновска: Законот за енергетика ќе значи бенефит за граѓаните и сигурност за инвеститорите

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Министерството за економија и труд почнува информативни денови за мерките за вработување – прв настан денес во Прилеп