Утрински Весник
Македонија

Сања Лукаревска се враќа на директорското место во УЈП

Сања Лукаревска се враќа на директорското место во УЈП

Владата на денешната седница го разреши Фарук Омери од должноста в.д. директор на Управата за јавни приходи и на оваа функција ја именува Сања Лукаревска.

По верификувањето на мандатот за пратеник во август, Лукаревска ја напушти функцијата директор на Управата за јавни приходи, а на нејзино место за в.д. директор беше поставен Омери.

На денешната седница, на предлог на Комисија за именување, Владата донесе одлука и Бајрам Реџепи да го избере за член на Одборот на директори на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности Национални енергетски ресурси Скопје во државна сопственост.

Исто така, Владата денеска му предложи на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да ја именува Моника Јованова за претседател на Управниот одбор на Фондот.

На оваа седница Владата го именуваше Фатмир Арифи за в.д. директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви

24 сторија: Самохрана мајка без редовни приходи мора да плати приватна хоспитализација на нејзиниот татко поради немање државјанство