Утрински Весник
Македонија

Сајкоски: Историјата не може да биде предмет на договор помеѓу две држави

Dik 300x250 mk

Историјата не може да биде предмет на договор помеѓу две држави, напиша на својот фејсбук профил Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Сајкоски пишува дека во неколку наврати апелирал за штетноста од Договорот за добрососедство, укажувал дека вакви договори имало, но тие се правеле на рамноправна основа. Денес имаме историска Комисија која повикувајќи се на Договорот од наша страна се труди на секој можен начин да го прекине континуитетот на постоење на македонскиот народ на овие простори.

Затоа се бара момент во средновековието каде ќе може да се направи ваков преседан за да може да се негира целокупното постоење на македонскот народ. Ова е главна и основна цел на бугарската страна и не е нешто ново, туку со формирањето на бугарската држава главна задача е негирањето на македонскиот народ.

Тој додада дека денес, ние како држава со штетноста на Договорот и работата на Комисијата ги доведовме во прашање суверенитето кој го добивме од народот. Бидејќи суверенитетот на државата е да ги регулира своите внатрешни работи како што се јазикот, националноста, образованието, учебниците.

Историјата не може да биде прашање за преговори меѓу две држави, од потписите на државите не зависи вистината за историјата.

Вистината за историјата ја граделе генерации наши претходници кои со својот живот со борбата за самостојност ја докажале нашата посебност, напиша Сајкоски.

Можете да прочитате

Филипче: Трошоците за живот растат без контрола а владата не презема ништо

Итно да се укине мерката за евтаназија на кучиња со лајшманиоза

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени