Утрински Весник
Спорт

Саутемптон израмнија анти-рекорд стар 128 години

Саутемптон израмнија анти-рекорд стар 128 години

Фудбалерите на Саутемптон претрпеа катастрофален пораз од Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“. Јунајтед, во 22.коло, забележаа победа од 9:0.

Катастрофата во Манчестер, Саутемптон ја доживеаја 15 месеци по идентичниот пораз на домашен терен од Лестер, во сезоната 2019/2020.

„Мастер чип“, на „Твитер“, објави дека Саутемптон е првиот тим во последните 128 години, кој загубил два или повеќе натпревари, со девет или повеќе голови разлика, во елитниот ранг на англискиот фудбал.

Пред повеќе од еден век, за помалку од две години, Дарвен забележал два катастрофални порази. Дарвен во април 1892 година загубила со 12:0 од ВБА, а потоа со 9:0 биле поразени од Астон Вила со 9:0.

> Саутемптон израмнија анти-рекорд стар 128 години <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина