Утрински Весник
Спорт

Саутемптон го шокира Јунајтед во 96 минута

Саутемптон го шокира Јунајтед во 96 минута
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Манчестер Јунајтед и Саутмептон одиграа 2:2 во 35 коло, во Премиерлигата. Јунајтед во најлош момент ја прекинаа серијата од четири победи. „Црвените ѓаволи“ против Саутемтон не ги искористи поразите на Челси и Лестер и остнаа на петтото место на табелата.

Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ без два бода ги остави Мајкл Обафени кој голот за 2:2 го постигна во 96 минута од натпреварот.

Претходно „светците“ стигнаа до предност во 12 минута со голот на Армстронг. Јунајтед бргу, во интервал од три минути направија пресврт. Рашворд во 20 минута израмни, а Марсијал во 23 минута погоди за 2:1.

Јунајтед се петти на табелата со 59 бода колку што има и Лестер на четвртото место, додека Челси на третата позиција има бод повеќе.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов