Утрински Весник
Спорт

Саутемптон го „торпедираше“ Брентфорд

Саутемптон го „торпедираше“ Брентфорд

Саутемптон со убедливи 4:1 го совлада Брентфорд во дуел на две екипи од средината на табелата во Премиерлигата, за да имаат убава серија од четири меча без пораз.

Полјакот Јан Беднарек ги донесе „светците“ во водство уште во петтата минута од мечот, но Брентфорд успеаја да израмнат со „бомбата“ на Витали Јанелт во 23. минута од мечот. Сепак, големиот број на шанси пред голот на гостите резултираше со нов гол за Саутемптон, кога во 37. минута, голманот Алваро Фернандез си ја смести топката во сопствената мрежа.

Младиот албански репрезентативец Армандо Броја во 49. минута зголеми на 3:0 пред Че Амадс во 79. минута да стави точка на натпреварот.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-37036”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Саутемптон го „торпедираше“ Брентфорд <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина