Утрински Весник
Свет

Саудискиот принц до Бајден: И САД направиле грешки, како убиството на Кашоги

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден го покренал прашањето за убиството на палестинската новинарка Ширин Абу Аклех, изјави денеска неименуван функционер за израелските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Престолонаследникот со тоа прашање му одговорил на прашањето на Бајден за убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал ​​Кашоги.

Тој му кажал на американскиот претседател Џо Бајден дека Саудиска Арабија работела на спречување грешки како убиството на Кашоги, но дека и САД направиле грешки, вклучително и во Ирак, изјавија саудиските власти.

Американските разузнавачки агенции заклучија дека саудискиот престолонаследник директно го одобрил убиството на Кашоги во 2018 година, а принцот негира дека имал улога во тоа.

Во разговорот со Бајден во претседателската палата во Џеда во петокот, престолонаследникот рече дека Абу Аклех е американски државјанин и праша што направил американскиот претседател за да се осигура дека правдата е задоволена.

Новинарката беше убиена на 11 мај додека известуваше за нападот на израелската војска во градот Џенин на окупираниот Западен Брег.

Неименуваниот функционер изјавил дека покрај убиството на новинарката, престолонаследникот потсетил дека американски војници мачеле затвореници во ирачкиот затвор Абу Граиб, во обид да го истакне лицемерието на позицијата на Бајден за човековите права во кралството.

Друг висок американски функционер, рекол дека разговорот започнал во ладна атмосфера, но подоцна се покажал како продуктивен.

„ Јасно кажав што мислам (за убиството на Кашоги) тогаш и што мислам сега“, рече Бајден по состанокот.

Во извештајот на ЦИА претставен на Бајден се наведува дека престолонаследникот на Саудиска Арабија го наредил убиството на Кашоги и дека тој бил убиен од саудиски оперативци додека влегувал во саудискиот конзулат во Истанбул.

Неколку официјални лица, за кои се вели дека го наредиле убиството, им се суди во Саудиска Арабија, а осум лица се осудени на затворски казни.

Бин Салман рече дека инцидентот е за жалење, но дека тој не е вмешан, пренесоа американските и саудиските власти.

Можете да прочитате

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина